СПОРТФУДБАЛ

Ал-Хилал му нуди 400 милиони евра годишно на Лео Меси

Иднината на Лионел Меси и понатаму е нејасна, а последните информации за aргентинецот се поврзани со нова неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Еден од локалните гиганти, Ал-Хилал, му понудил на Меси годишна плата од 400 милиони евра.

И покрај неверојатната сума, 35-годишниот ас нема намера да тргне по стапките на Кристијано Роналдо, кој потпиша со друг клуб од Саудиска Арабија, Ал-Наср.

Желбата на Меси е да продолжи да игра на највисоко ниво во Европа. Светскиот шампион е сѐ поблиску до разделба со Пари Сен Жермен. Неговиот договор истекува на лето и се чини дека нема да се постигне договор за неговото продолжување. Од друга страна, Барселона прави сѐ за да ги обезбеди потребните финансии за враќање на Лео на „Камп Ноу“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button