Албанија го отвора првиот кластер и се одвојува од Македонија

Алабнија ќе се одвои од Македонија на патот за пристапување кон ЕУ, со тоа што на 15 октомври официјално ќе го отвори првиот преговарачки кластер . Одлуката била донесена едногласно од амбасадорите на земјите-членки на Европската унија. Првиот кластер вклучува неколку поглавја – набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола. Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредок кон нејзиниот пат кон ЕУ, но и назадување за Македонија, која не успеа да направи одлучувачки чекор кон членството во ЕУ.
„Комисијата очекува да се започнат преговори за Кластерот – Основни вредности што е можно поскоро со Албанија, и со Северна Македонија што е можно поскоро, откако ќе ги исполни релевантните услови дадени од Советот“, вели Ана Писонеро, портпаролка на ЕК за проширување.
Македонија и Албанија официјално ги започнаа преговорите во летото 2022 година. Сепак, поради спорот меѓу Скопје и Бугарија, отворањето на поглавјата беше одложено.
Бугарија и Северна Македонија се договорија под водство на француското претседателство со ЕУ во јули 2022 година да се променат уставот и да го вклучат бугарското малцинство .Договорот не е спроведен поради недостаток на политичка волја и консензус во Македонија.
Фатлуме Дервиши