ВЕСТИРЕГИОН

Албанија го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

Албанија денеска го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации. Во Њујорк на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка. Албанскиот амбасадор во ОН Ферит Хоџа ова го оцени како голема одговорност, но секако и привилегија, пренесува Топ чанел.

Advertisements

Според истиот извор министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија. Албанија е членка на ОН од 14 декември 1955 година, а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button