ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција бара оставка од заменик министерот за внатрешни работи

Владата бара целосно расчистување на случајот во Крушево, каде во полициска акцијата, член на семејството на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, заврши во лисици. Премиерот Зоран Заев не е запознаен со случајот, но вели дека треба да се бара одговорност од кое било лице вмешано во криминал, без оглед на семејните врски со оние кои се на власт.

од ДУИ бараат фер истрага, додавајќи дека оние што го кршат законот не наоѓаат засолниште во ДУИ.

„Владеењето на правото е бескомпромисно за ДУИ и ги повикуваме истражните и правосудните тела да го решат случајот до крај со повикување на одговорност за сите инволвирани лица. Повторуваме дека ниту едно лице кое го крши законот, не може да најде засолниште во ДУИ“, наведуваат од партијата.

Албанската опозиција бара оставка од заменик министерот за внатрешни работи, бидејќи според нив тој може да влијае на истрагата и судењето.

„Бараме итна оставка на заменик министерот Буши, од морални причини, но и поради неговата позиција во Министерството за внатрешни работи, што може да влијае на процесот на истрага и судење на неговиот роднина, кој беше фатен пред неколку дена со наркотични средства. Криминалот, корупцијата и незаконската активност не би биле толку големи ако тие немаат никаква врска со власта“, наведуваат од АА-Алтернатива.

Македонската опозиција немаше коментар за полициската акција во Крушево.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button