ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција договори да има кандидат за претседател на државата

Албанската опозиција, односно Европскиот сојуз за промени и првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во присуство на премиерот на Косово, Албин Курти, се договорија да имаат заеднички кандидат за претседател на државава. Конкретен договор сè уште не е постигнат, но од албанската опозиција велат дека договор има и тој ќе се конкретизира во наредните денови.

Advertisements

„Од лидерската четворка на средбата беше договорено како предлог да има заеднички кандидат за претседател на следните избори и тој кандидат да биде Албанец“, рече Алби Ќамили, Движење Беса.

За името на кандидатот не се зборува, иако неофицијално се споменуваат две имиња на лидери и независен кандидат.

„Сè уште нема имиња, ништо конкретно. Кога ќе има јавноста ќе дознае навреме“, додава Ќамили.

На поранешниот шеф на Алијанса за Албанците, а сегашен претседател на Централното собрание на партијата, Зијадин Села, изгледа не му се допадна посетата на Таравари на Косово. Во куса изјава за медиумите Села рече дека Таравари заминал во Приштина без да се координира со Централното собрание на Алијанса.

Албанската опозиција, односно Европскиот сојуз за промени повеќе пати упатуваше јавен апел до Алијанса и до Таравари да им приклучат со цел, како што велат, да се донесат промени во албанскиот политички блок.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button