Албанската опозиција ја обвинува Владата за фијаското со преговорите со ЕУ

Албанската опозиција, Алијансата за Албанците и Алтернатива ја обвинуваат власта поради пропаднатиот старт на преговорите со ЕУ. Велат дека поради неспособноста на двете влади на Заев, државава досега добила 7 вета. Арбен Фетаи ја повикува Владата да преземе одговорност и да си даде оставка, наместо да бара виновници за сопствените неуспеси.
„Или не знаеле како да преговараат во 2017 година кога го потпишаа договорот или не знаат сега како да најдат решение – или двете заедно. Но, за нас е неприфатливо цената на нивниот неуспех да им ја префрлаат на граѓаните. Така што, за овие 100 дена, бидејќи тие не знаат ниту можат, ја повикуваме тројката лажговци, Заев, Димитров, Османи да го отворат патот за техничка Влада која ќе се справи со тројната криза што тие ја предизвикаа.“