Албанската опозиција ќе бара државјанство да се добива врз индивидуална основа

Албанската опозиција во понеделник на средбата со премиерот Зоран Заев ќе побара намалување на периметарот за верификација од страна на безбедносните тела за лицата без државјанство. Според Флакрон Беџети од Алијансата за Албанците, барањето за државјанство е индивидуално, па оттука и кривичната одговорност е индивидуална според секој закон и меѓународни конвенции. Беџети додава дека менталитетот на безбедносните служби да му дадат домино негативен правен ефект врз целото семејство на барателот, треба да заврши со нацрт-законот за државјанство.
„Разбирливо е дека мора да биде на индивидуална основа затоа што секој граѓанин аплицира на индивидуална основа за државјанство и тоа не треба да зафаќа поширок периметар.“
Алијансата за Албанците и Алтернативата ќе бараат и решение за негативните извештаи во безбедносните органи. Во случај индикациите за кривични дела да датираат од пред повеќе од 10 години, албанската опозиција ќе бара таквите информации да не бидат земани во предвид за време на постапката за добивање на државјанство.
„И во Кривичниот законик застарените случаи имаат мандат од 10 години. Ние ќе бидеме категорично против секој кој ќе искористи каква било можност за прекршочно осудување за да го носи тој епитет. Ова се однесува само на сериозни кривични дела, иако веруваме дека ги нема.“
На состанокот в понеделник во Собранието треба да се сретнат Заев и двајцата лидери на опозициската коалиција, Зиадин Села и Африм Гаши. На последната средба беше заклучено дека не е можно државјанство да се добива преку тројца сведоци.
Adrian Kerimi