ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција не се откажува од блокада на Собранието поради блокираниот закон за државјанство

Алијансата за Албанците и Алтернатива не се плашат од предупредувањата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој изјави дека постојат начини да се деблокира Собранието. Додека Џафери не зборува за начините на деблокирање, од Алијансата за Албанците и Алтернатива велат дека доколку е потребно, тие се подготвени да ги радикализираат мерките за блокирање на Собранието.

Advertisements

„Не само комисиите, туку ние ќе ги блокираме Собранието и седниците, и ќе докажеме дека гласот на 82 илјади албански гласачи не може да биде замолчен од спикерот на Собранието, или кој било политички субјект. Како се блокираат седниците, тој нè има научено од времето кога читаше романи на комисија“, рече Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група AА-AAA.

Реџепи вели дека првиот човек на Собранието неоправдано бара превод на 2000 амандмани, работа што според него и припаѓа на администрацијата.

„Нашата задача е да ги доставиме документите на албански јазик, а задача на администрацијата е да ги преведе. Тие ја имаат таа работа, а не да ни ги враќаат како нецелосни за да ги преведеме. Не е демократски, нечовечко и не е цивилизирано. Ако претседателот на Собранието има храброст да ни ги врати само затоа што амандманите се на албански јазик, нека ги врати на Владата и министрите што ги носат само на македонски јазик и се должни да ги донесат на два јазика”, додава Реџепи.

Опозицијата во моментов блокира неколку закони со околу 3.000 амандмани. Алијансата и Алтернатива се за лидерска средба за изнаоѓање решенија за нацрт-законот за државјанство, но на состанокот сакаат да разговараат и за други теми како што се пандемијата и економските мерки. Додека не се деблокира постапката за усвојување на законот за државјанство, опозицијата не се откажува од блокадите.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button