ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Албанската опозиција повторно најавува целосна блокада на Собранието

Албанската опозиција најавува повторно целосна блокада на работата на Собранието сè до одобрување на предлог-законот за државјанство. Алијанса и Алтернатива очекуваат Владата да остане доследна до најавата за усвојувањето на законот и најавуваат дека работат на можноста законот да се поднесе повторно со европско знаме. Според коалицијата, на последниот состанок на собраниската Комисија за одбрана и безбедност било потврдено дека македонската опозиција не се откажува од намерата за блокирање на законот, по што тие се принудени да одговорат на таквите, како што велат, деструктивни постапки.