ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција со поголем рејтинг од ДУИ, АА и ДПА

Албанскиот опозициски фронт има поголем рејтинг од албанските партии кои се на власт, покажува најновата анкета на Брима Галуп. Според податоците, 26 отсто од Албанците би гласале за опозициската коалиција БЕСА, Алтернатива и Движењето на Меџити. Три проценти помалку, односно 23,4 отсто рекле дека би ја поддржале коалицијата на ДУИ, Алијанса и ДПА. На државно ниво, 19,5 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО, 13,6 отсто за СДСМ, за ДУИ, 5,9, за Беса 4,8, за Алијанса 3,2 и така натаму. Дури и на државно ниво, потенцијалната коалиција на БЕСА, Изет Меџити и Алтернатива би добила 7,3 проценти наспроти 6,6 за ДУИ, Алијанса и ДПА. Али Ахмети и Биљал Касами имаат најголеми рејтинзи кај Албанците, додека кај Македонците најголема доверба има лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со 7,5%. Потоа следуваат Стево Пендаровски со 4,7% и Ковачевски со 4,5. Анкетата била спроведена од 1 до 21 јули.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button