ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција верува дека постои решение за деблокада на Собранието

Следната недела предлог-законот за државјанство ќе стане тема на разговори меѓу политичките субјекти. Албанската опозиција е убедена дека законот ќе биде усвоен. Координаторот на парламентарната група на Алијанса и Алтернатива, Скендер Реџепи вели дека блокадата ќе биде тргната штом ќе има конкретен договор. Според него, во овој случај нема друга опција.

Advertisements

„Секако дека законот за државјанство ќе биде усвоен, следната недела ќе започнат разговори за решавање на овој проблем. Ние јавно велиме дека сите оние кои ќе добијат државјанство според овој закон, не треба да поддржуваат ниту еден политички субјект, вклучително и Алијансата и Алтернатива“, рече Скендер Реџепи, координатор на Aлијанса и Aлтернатива.

Обвинувањата од Движењето Беса дека државјанството се злоупотребува за политички поени, албанската опозиција ги нарече обид на владејачките албански партии да го прикријат, како што оценија, анти-албанскиот пристап на партиите од македонскиот политички блок.

„Немаме принцип да ги коментираме ставовите на портпаролот на ДУИ кој заедно со експонентите на ДУИ се обидуваат да ја прикријат антиалбанската омраза на СДСМ и ВМРО. Ние инсистираме и остануваме на позицијата дека целото ова блокирање на законот се должи на фактот дека повеќето од оние кои немаат државјанство се Албанци“, изјави Скендер Реџепи, координатор на Алијанса и Алтернатива.

Како резултат на блокирањето на предлог-законот за државјанство, албанската опозиција блокираше над 20 закони со над 30 илјади амандмани, вклучително и економскиот пакет мерки, потоа предлог-законот за полесни прекршочни дела, предлогот за кризна состојба на југот на земјата итн. Предлогот на Алијанса и Алтернатива предвидува олеснување на постапките за стекнување државјанство на лица кои го немаат, а кои биле родени и израснати во С. Македонија и поранешна Југославија.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button