МАКЕДОНИЈА

Албански партии: По 29 години независност, Албанците сè уште далеку од државотворен народ


29 години по независноста на Северна Македонија, албанските политички партии проценуваат дека албанското барање за праведна мултиетничка држава е сè уште далеку од реализирање. Елми Азири од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива вели дека наместо со рамноправни можности, граѓаните Албанци и понатаму се соочуваат со големи разлики во економскиот, социјалниот и културниот развој, во споредба со нивните сограѓани Македонци.

„Албанците уште од независноста на земјата бараа изградба на мултиетничка држава, со еднакви можности, каде културната и етничката разновидност ќе бидат почитувани и негувани и каде сите граѓани ќе имаат идентични права. За жал и ден – денес сме далеку од постигнување на оваа цел. Албанците сè уште во Уставот на земјата се наведени како статистичка категорија и знаеме дека статистичката категорија не може да биде државотворен народ.“

Коалицијата АА-Алтернатива ја нагласува потребата од преиспитување на уставниот поредок во мирна состојба, бидејќи како што велат, промените под притисок на насилство во 1991 и 2001 година не ги дале посакуваните ефекти. Од движењето БЕСА велат дека во текот на овие години не е направено доволно за Албанците, иако имало можности да се направи повеќе. Тие велат дека Албанците сè уште не се чувствуваат целосно рамноправни и ветуваат дека ќе работат на подобрување на состојбата.

ДУИ ветува дека целосната еднаквост ќе биде темел на европската иднина на земјата.

„Целосната еднаквост меѓу заедниците во правата, можностите, одговорностите и обврските е основата врз која ќе ја градиме и врз што ќе се темели нашата европска иднина. Целосната еднаквост е духот на слободата и независноста.

Пред 29 години Албанците го бојкотираа референдумот за независност затоа што дури и во новиот Устав не уживаа еднакви права. Уставот од ‘91-та ги дефинираше Албанците како националност, а со промените во 2001 година, како граѓани кои сочинуваат 20% од населението. Инаку, меѓу настаните што ги карактеризираа напорите на Албанците за повеќе права и еднаквост се оние за правото на високо образование на албански јазик, употребата на знамето и јазикот. Тогашните влади не ги поддржаа и тие беа придружени со насилни настани како што се тензиите во 1994 година, полициската бруталност од 1997 година во Гостивар каде загинаа тројца Албанци во одбрана на албанското знаме, а беа повредени над 100 други, потоа вооружениот конфликт за еднаквост во 2001 година што заврши со потпишување на Охридскиот договор.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button