ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албански семејства во Скопје криеле Евреи за да ги спасат од депортација

Албански семејства во Скопје криеле Евреи за да ги спасат од депортација

Со неполни 10 години во тоа време Наџи Ндоци од Скопје, ја раскажува страшната приказна од 1943 година. Бил сведок на депортацијата на Евреите од Македонија. Тој за Алсат раскажува како децата собирале храна од куќите на Албанците и скришно од бугарските полицајци, им ја испраќале на Евреите кои биле насилно однесени во Тутунскиот комбинат во главниот град. Таму биле чувани три недели пред да бидат депортирани во Полска.

Advertisements

Ндоци раскажува за херојските дела на многу Албанци кои ризикувајќи ги своите животи, успеале да скријат некои еврејски семејства кои потоа заминале за Албанија, каде во тоа време им било единственото прибежиште за да ја избегнат смртта. Ова се само дел од случаите документирани од еврејското здружение.

„Албанските трговци имаат скриено 5-6 еврејски семејства во подрумите на нивните куќи. Кога полицијата направи блокада за проверки во целиот град, не ги откри. Откако ситуацијата малку се смири, преку скриени врски со лажни документи, тие беа испратени во Качаник, а оттаму преку планините во Албанија, каде што беше границата меѓу фашистичка Бугарија и Албанија“, рече Наџи Ндочи, поранешен новинар.

Во тогашна Македонија живееле околу 7.000 припадници на еврејската заедница, кои во март 1943 година, заедно со десетици илјади други Евреи кои живееле на окупираните територии, биле депортирани во логорите во Треблинка од каде никој не се вратил жив.

„Фашистичкиот бугарски режим го блокираше Еврејското маало и целиот град и ги собираа сите Евреи на едно место. Се прашувавме зошто Евреите, што направиле за да се однесуваат вака со нив? Слушнавме дека ги прогонуваат низ цела Европа, но тоа ги снајде и Евреите од Скопје. Се прошири веста дека ги качиле во вагони за животни и ги однеле во Треблинка во Полска, во гасни комори“, додаде тој.

Во овие логори во периодот јули 1942 – октомври 1943 година, според израелските власти, но и разни истражувачи, од страна на германскиот нацистички режим и нивните поддржувачи, сурово биле убиени околу 850.000 луѓе, од кои повеќе од 800.000 биле Евреи. За време на Втората светска војна, се вели дека биле убиени околу 6 милиони Евреи, главно од силите на нацистичка Германија на Адолф Хитлер./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button