Албанскиот јазик е прекршуван и од оние кои треба да го штитат
Албанскиот јазик е прекршуван и од оние кои треба да го штитат

Анализата на предметите што Инспекторатот ги доставил до судот покажува загрижувачки податоци – од вкупно 50 раководители на институции за кои се бара казна за непочитување на Законот за употреба на јазиците, 13 се Албанци или доаѓаат од албански партии. Иронијата е што првиот случај е поднесен на 2 јануари 2024 против Јетон Шаќири од ДУИ, за кој се бара казна поради прекршување на законот додека бил министер за образование. Следната иронија е случајот од 22 мај 2024, кога е поднесен предмет против Насер Зибери, Народен правобранител, кој инаку бил кандидат за прв албански премиер. Тој, како институција, дури и сам пријавувал проблеми со непочитувањето на јазикот.
На листата е и Илир Демири од Алијанса за Албанците, во време кога бил министер за здравство. Предмет има и за Фатон Ахмети, поранешен директор на Пензискиот фонд, денес генерален секретар на ДУИ. Не се поштедени ниту други албански функционери: Беким Максути, Дритон Небиу, Изеир Мемети, Муса Зибери и Сефедин Јонузи.
Освен албанските, на листата се и 35 македонски функционери и двајца турски, меѓу кои министри од владата: Јованка Тренчевска, Ристо Пeнов, Љупчо Николовски, Славјанка Петровска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Благој Бочварски.
Инспекторатот поднел предмет и против актуелната министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, затоа што не соработувала со инспекторите и не доставила документи потребни за надзор. Меѓу прекршителите на законот се и Наумчо Мојсоски, Николче Бабовски, Борче Хаџиев, Стојанче Ангелов и Оливера Нечовска. Има предмети и против Апостол Симовски, Сања Лукаревска ,Емил Крстески и Никола Мемов. За прекршување на Законот за употреба на јазиците, постапка е поведена и против Весна Дамева и Даријан Сотировски. Последно, иницијатива има и против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска./Алсат.мк
Суад Бајрами