РЕГИОН

Албанскиот Парламент ги усвои уставните измени со кои се укинуват изборните коалиции


Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции.

Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присутвуваа на седницата.

Вонпарламентарната опозиција,предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени, сметајќи дека се еднострани и штети за неа.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button