ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанскиот премиер Еди Рама ја прими првата доза на вакцини против ковид

Албанија започна со вакцинација против коронавирусот. Првиот контингент од околу 975 вакцини пристигна во Тирана. Во импровизирани кампови беа распоредени околу трибините на националниот стадион „Ер Албанија“. Премиерот Еди Рама, кој меѓу првите ја прими вакцината, рече дека ЕУ ги запоставила земјите од Западен Балкан, па затоа индивидуално се снашле за да  обезбедат донација Тој рече дека овие не се од Грција, како што се шпекулираше, но официјално се дознава дека овие дози ги обезбедила Полска.

Advertisements

 „Ако го чекавме Ковакс, сè уште ќе чекавме и сè уште не е познато денес колку ќе трае ова чекање. Вакцинацијата што ја започнуваме денес е  резултат на еден од билатералните канали со земја на ЕУ, за кој не сум овластен да кажам за која земја и тоа поради нивното барање.

Министерката за здравство  рече дека националниот план за имунизација на населението започна од приоритетните групи.

 „И овие групи започнуваат со оние кои се во секојдневна конфронтација со невидливиот непријател а тие се здравствените работници, односно лекарите, медицинските сестри, епидемиолозите, работници во итните служби. Се разбира, и тука има приоритет, бидејќи бројот на нашиот здравствен персонал е околу 23 илјади заедно со помошниот персонал “.

 Албанија  деновиве ќе донира дел од дозите за Косово, за да се вакцинира медицинскиот персонал во Инфективната клиника во Приштина. До крајот на месецов,  во Албанија се очекува да пристигне вториот контингент купени вакцини, кои покрај во Тирана ќе биде дистрибуиран и во Валона и Скадар. Овие вакцини ќе им бидат аплицирани на стари лица над 75 години и хронично болни. Албанија обезбеди 500 илјади вакцини против коронавирусот, кои систематски ќе доаѓаат од фармацевтската компанија Фајзер од Њујорк како и други од четири земји на Европската унија.

Adna  Qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button