
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин ќе му биде домаќин на албанскиот премиер Еди Рама. Една од темите на нивните разговори, како што е најавено, ќе биде заедничката реакција на руската агресија врз Украина со оглед на тоа што и Албанија и Германија се членки на НАТО. Исто така ќе стане збор и за процесот на приклучувањето на Албанија во Европската унија, како и за други билатерални прашања пред сѐ економски. Во минатата недела Рама изјави дека Албанија ќе побара од Европската унија да ја продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето.