Албанските граѓани повторно го одбележаа Денот на азбуката, првиот вицепремиер Изет Меџити го повика Уставниот суд да остане арбитер, а не политичка алатка
Албанските граѓани повторно го одбележаа Денот на азбуката, првиот вицепремиер Изет Меџити го повика Уставниот суд да остане арбитер, а не политичка алатка

22 ноември, Денот на албанската азбука, ги собра владините лидери во рамките на свечената академија организирана од Владата. Зборувајќи за важноста на јазикот, првиот вицепремиер Изет Меџити истакна дека 116-годишнината од азбуката нè затекна во атмосфера на жестока дебата, намерно поттикната да произведе вештачки кризи.
„Затоа, очекуваме од Уставниот суд да се занимава со аспектите на човековите и граѓанските права и слободи, и да не биде сведен на политички размислувања за актуелните прашања и на тој начин да се врати на странка, наместо да остане непристрасен арбитер и подалеку од поларизирачки политички влијанија при донесувањето одлуки“, рече Изет Меџити – Прв вицепремиер.
За значењето на албанскиот зборуваше и премиерот Христијан Мицкоски.
На посебен начин, Денот на азбуката беше одбележан и од ДУИ. Под модераторство на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, панелистите зборуваа за важноста на албанскиот јазик и ризикот од негово укинување. Агим Нухиу, како професор, ги спомена статистичките податоци за кои и телевизијата Алсат ја информираше јавноста, а кои се однесуваат на инспекциите и изречените парични казни против институциите кои не го почитувале законот за јазиците. Од 347 инспекциски надзори констатирани се неправилности кај 246 од нив.
Она што е загрижувачко е покренувањето на речиси 30 предмети во Судот. И судот сè уште нема донесено никаква одлука по прашањето за воведување санкции. Но, ДУИ никогаш не крена глас за неказнивоста на институциите кои не го спроведуваат законот за употреба на јазиците.
„Всушност, и вие бевте лично кои излегувавте и правевте инспекции во институциите. Дали ова значи дека целата ваша работа и ова достигнување паднаа во вода, бидејќи нема парични казни против институциите? Сѐ уште има институции кои не ги почитуваат. Зошто не го кренавте гласот?
Станува збор за одлуката на Уставниот суд за уништување на албанскиот јазик. Дали сакате да знаете колку казни извршил инспекторатот? Ова е промена на тези. Темите за инспекторатот се за инспекторите, а не за политиката„, рече Бујар Османи – ДУИ.
Додека беше вицепремиер за европски прашања, Османи се возеше со кола од една до друга институција за да ги провери таблите на влезот на зградите, дали се на албански јазик, а за тие кои немаа поставено следуваше тлефонско предупредување./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу