Албанските лингвисти загрижени за употребата на албанскиот јазик
Албанските лингвисти загрижени за употребата на албанскиот јазик

Во пресрет на 114-годишнината од Битолскиот конгрес на кој била утврдена албанската азбука, албанскиот јазик денеска не е во најдобра состојба. Употребата на зборови од секојдневниот жаргон, позајмиците, па дури и комуникација главно на странски јазик од страна на помладите е причина албанскиот јазик да не се зборува во својата најчиста форма. Професорот Авзи Мустафа вели дека наставниците имаат исклучително важна улога во начинот на кој младите генерации ги изразуваат своите мисли на мајчиниот јазик. Според него, треба да има комисија чија задача би била да го следи спроведувањето и употребата на албанскиот јазик.
„Недостигот на грижа за албанскиот јазик почна многу порано овде во Македонија, од 1981-1982 година. Кога дојде демократијата мислевме дека ќе почне правилно да се користи, но почна спротивното. Нашите внуки и внуци комуницираат меѓу нив на англиски јазик, затоа професорот Џевадин Шкуртаи со право вели дека сега е време за ‘јазична вонредна состојба’. Наставникот е лик за ученикот, тој учи како зборува наставникот. Но и тие не се грижат за албанскиот јазик. Малку е подобро пишувањето, отколку зборувањето“, изјави Авзи Мустафа – професор.
Употребата на албанскиот јазик кај нас се соочува со проблеми дури и во институциите. И покрај важечкиот закон, многу институции делумно го употребуваат или воопшто. Други бараат помош од Агенцијата за примена на јазиците за преведување на документи.
„Оваа година нè затекнува со плус буква во однос на примената на албанскиот јазик во институциите во земјава, бидејќи секоја година се спроведува по една буква. Во моментов ги преведуваме обрасците за Катастар, кои се над 300 обрасци, обрасци во Царината и Народната банка. Тоа се околу илјада обрасци. Но, сега, да речеме, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и некои други институции, до денес, веројатно имале средба со замениците, кои се Албанци, но директорите не покажаа интерес“, рече Илбер Села, Директор на Агенцијата за примена на јазиците.
Битолскиот конгрес се одржал помеѓу 14 и 22 ноември 1908 година. На него учествувале 50 делегати од 26 различни градови./Alsat.mk
Еви Шкопи