Албанските партии не ја поддржуваат интерпелацијата на ВМРО и Левица за Талат Џафери

Албанските партии не ја поддржуваат интерпелацијата на ВМРО и Левица за претседателот на Собранието, Талат Џафери поради говорот на албански јазик во Брисел. Албанската опозиција вели дека има многу причини за кои не се согласува со Џафери, но во овој случај не ја поддржува интерпелацијата, додека ДУИ ја обвинува македонската опозиција за обид да се добијат политички поени.
„Не дека сме задоволни од неговата работа, имаме дури и забелешки за 180 степени посилни од оние на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои воопшто не држат. Ако одиме според таа логика, дипломатскиот кор мора да биде претпазлив, затоа што кога имаме официјални состаноци тие овозможуваат превод и на албански јазик. Значи, ако одиме со оваа логика, всушност мора да реагираме и против дипломатскиот кор во нашата земја“, рече Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците.
„Сметаме дека интерпелацијата е во функција на дневната политика. Верувам дека сите парламентарни политички партии се чувствуваат почестени од застапеноста на Собранието, во и надвор од земјата направена од претседателот Џафери“, изјави Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.