
Американскиот актер Алек Болдвин поднесе граѓанска тужба за злонамерно гонење и кршење на неговите граѓански права во врска со обвиненијата за убиство на снимателка на сетот на вестерн-филмот „Раст“.
Тужбата беше поднесена во четвртокот пред државниот окружен суд во Санта Фе, Ново Мексико, каде што судијата во јули го отфрли обвинението за убиство од небрежност против Болдвин за смртта на снимателката Халина Хачинс.
Болдвин во тужбата тврди дека обвинителите и истражителите намерно погрешно постапувале со доказите додека го воделе случајот, објави АП.