ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алек Стефковски е првото бебе во 2024 година

Алек Стефковски е првото бебе во 2024 година

Алек Стефковски е првото бебе во 2024 година. Новороденчето тежи 3,706 килограми и е долго 52 сантиметри. Алек е прва рожба на 34-годишната Наташа Стефковска, која се породила неколку секунди после полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Advertisements

„Сите оние жени коишто сакаат да остварат свој пород да го следат примерот на породената, којашто долго чекала на овој пород, меѓутоа еве желбата и се остварила во десеттата секунда од оваа нова 2024 година“, рече Горан Димитров – гинеколог.

„Годината почна убаво со родени три бебиња, сите спонтано, во првите 15 минути веднаш после Новата година, што би требало да биде добар знак и годината да ни биде многу подобра од претходната. Се надеваме дека ќе имаме повеќе здрави и доносени бебиња и повеќе среќни родители“, изјави Викторија Јовановска – директорка на ГАК.

На мајката и честиташе и министерот за здравство Фатмир Меџити, кој откри дека Стефковска е доктор по дентална медицина. На сите здравстени работници тој им посака зад себе да ја остават годината полна со скандали и да работат заедно за кревање на нивото на здравствените услуги.

„За новородилката ми е посебна чест, зашто таа е наша колешка стоматолог и при крај на работниот ден во петокот, во Кабинетот во релаксирана атмосфера се кладев дека првото бебе ќе биде машко и тоа се исполни, така што ќе се исполнат и сите овие проекти кои ги работиме заедно во здравството. Ќе посакам сите да веруваат во нас и во сите здравствени работници“, нагласи Фатмир Меџити – министер за здравство.

Од друга страна, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска информира дека ќе претстојат нови мерки и активности поврзани со негативниот природен прираст, особено откако Државниот завод за ревизија сподели проекции дека државата во 2050 година ќе брои 1,35 милиони жители.

„Во моментов се подготвува функционалната стратегија за демографија, која е насочена токму кон политики за зголемување на наталитетот, но и политики за запирање на процесот, барем не во овој обем, за иселување на нашите сограѓани надвор од државата“, додаде Јована Тренчевска – министерка за труд и социјална политика.

Инаку, како што информираа од Клиниката за гинекологија, во новогодишната ноќ, односно од полноќ до изутрина кај нив има вкупно шест новороденчиња, повеќето машки./Алсат.мк

Лука Андрев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button