СПОРТ

Алекс Переира, нов шампион во полутешка категорија на УФЦ

Настанот УФЦ 295 во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк понуди неколку борби и двајца нови шампиони. Во главната борба Алекс Переира со технички нокаут во втората рунда го совлада Јиржи Прохаска и го освои шампионскиот појас во полутешка категорија.

Advertisements

Переира го совлада Прохаска во втората рунда, откако судијата ја прекина борбата, но голем дел од навивачите не беа среќни затоа што сметаат дека битката била прерано запрена.

Привремен шампион стигна и во тешка категорија, откако Британецот Том Аспинол со нокаут во првата рунда го совлада Русинот Сергеј Павлович. Сè беше решено за неколку секунди, откако го турна на рингот, па потоа му зададе уште неколку удари, по кои судијата мораше да ја прекине борбата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button