ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Александар Камбовски, нов претседател на Судскиот совет / Ги охрабри судиите да работат совесно и по закон

Александар Камбовски, нов претседател на Судскиот совет / Ги охрабри судиите да работат совесно и по закон

Судскиот совет едногласно го избра членот Александар Камбовски за нов претседател. Камбовски беше предложен од членот Исамедин Лимани, а во кратката дискусија во советот, Камбовски доби само пофални зборови од своите колеги кои му посакаа среќа и побараа од него да го врати кредибилитетот на Советот.

Advertisements

„Ценам дека треба да ја добие мојата поддршка за претседател на судскиот совет за еден од еднаквите, прв меѓу еднаквите, со тоа што очекувам поголема ангажираност од колегата Камбовски, во рамки, пред се, на зацврстување на функцијата на судскиот совет во правосудниот систем“, изјави Тања Чачарова Илиевска, член на судски совет.

„Со неговиот значи кредибилитет, интегритет, значи искуство, знаење и целосно запознат со сите потреби и проблеми на третиот столб во нашата држава очекувам дека заеднички ќе одиме во една позитивна насока, насока значи на она зајакнување или зацврстување или подигнување на довербата кај граѓаните“, нагласи Ивица Николовски, член на судски совет.

Во своето прво обраќање до јавноста како претседател, Камбовски порача дека е време да има одговорност за судиите кои работат за лични интереси.

„Ова е куќа на судиите, ова е куќа за судииве, покрај тоа што ја контролираме нивната работа, ние ги охрабруваме да работат согласно законите и согласно уставот. И сите тие судии што постапуваат на овој начин ќе ја имаат нашата безрезервна поддршка, да се охрабрат и да постапуваат и да не потпаѓаат под никакви влијанија. Оние другите судии коишто не постапуваат на овој начин исто така ги уверувам дека нема тоа да помине без никаква одговорност“, изјави Александар Камбовски, претседател на судски совет.

Својата кариера како судија Камбовски ја започнува во основниот суд Битола, потоа работи како правник во приватна компанија како адвокат, а потоа и како апелационен судија во Битола. Од минатата година е избран за член на советот. Изборот на Камбовски за прв човек на судски доаѓа во време кога ова тело е под постојани критики од власта, а и во време кога се почести се најавите дека членовите избрани од Советот ќе бидат распуштени. Камбовски сепак не сакаше да ги коментира овие најави од власта туку само рече оти се надева дека законодавниот дом ќе работи согласно законите и уставот.

Михало Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button