
Шпанските медиуми ја пренесуваат веста дека Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен ги договорил личните услови со Реал Мадрид и летово официјално ќе стане нов „галактико“.
Канадскиот репрезентативец долго време бараше поголема плата во Минхен и преговорите за нов договор се одолговлекуваа, па Реал совршено ја искористи ситуацијата и ќе го доведе во своите редови.
Иако Баерн бараше околу 50 милиони евра за трансферот, се чини дека двата клуба се договориле за сума од 35 милиони, а Дејвис ќе добива плата од околу 15 милиони евра годишно.
Реал Мадрид во текот на преодниот рок најверојатно ќе го комплетира и трансферот на Килиан Мбапе од ПСЖ, па од следната сезона повторно ќе има исклучително силен тим кој ќе се бори за самиот врв во европскиот фудбал.
23-годишниот Алфонсо Дејвис пристигна во Баерн Минхен пред пет години и оттогаш одигра 129 натпревари во дресот на најтрофејниот германски клуб