Али Ахмети испрашуван во Специјалното обвинителство во Приштина


Alsat
02.09.2020 18:39
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се појави денеска во Специјалното обвинителство во Приштина. Според косовските медиуми, сведочењето ќе продолжи и утре. Тоа се случува во канцелариите на ЕУЛЕКС, каде што утрово беа видени автомобилите на лидерот на ДУИ. Од ДУИ не коментираа ништо за повикот нивниот лидер да сведочи во Специјалниот суд. Не е познато дали по неговото завршување утре Ахмети ќе даде некакви информации во јавноста. Неофицијално, извори од Министерството за правда на Косово наведуваат дека Ахмети не побарал финансиска помош од Косово за неговата правна помош за време на интервјуто. Со Ахмети се наоѓа и организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби.
Од канцеларијата ма Специјалниот обвинител велат дека информациите за интервјуто ги објавил самиот Ахмети и оти тие не споделуваат детали од истрагата.
Канцеларија на Специјалниот обвинител, Косово
„Ние сме свесни дека господинот Ахмети најави дека ќе биде интервјуиран од Канцеларијата на Специјалниот обвинител. Оваа канцеларија не ги објави овие информации и не дава информации за истрагата. Поради тоа не можеме да ги дадеме информациите што ги барате.“
Ахмети уште на 22 јули потврди дека е повикан да даде изјава во Специјалниот суд на Косово како сведок бидејќи е еден од основачите на ОВК. Поканата на Ахмети доаѓа непосредно по појавувањето во Хаг на косовскиот претседател Хашим Тачи, претседателот на Демократската партија, Кадри Весели, поранешниот премиер Рамуш Харадинај и многу други политички фигури од Косово. Иако властите во Приштина немаат список на поканети лица како сведоци или обвинети, неофицијално се вели дека има и други граѓани на Северна Македонија кои се очекува наскоро да бидат интервјуирани.
Adrian Kerimi