Али Ахмети сака да ги присвои заслугите за патот Тетово-Призрен

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на прес-конференција сакаше да ги преземе заслугите за иницијативата за патот Тетово-Призрен, во посебен јавен настап со министерот за инфраструктура на Косово, Либурн Алиу. Инсистирањето за оваа прес-конференција и појавување во медиумите доаѓа откако осовскиот премиер Курти не оствари никаква средба со претставници на ДУИ.
Тој во петокот ги посети Тетово и Скопје и се сретна само со градоначалниците на Чаир и Тетово и двајцата од таканаречениот опозициски фронт. Тие заедно дури и го промовираа проектот за патот Тетово-Призрен како идеја на Косово, а со поддршка од централната и локалната власт во земјава без да спомене ниту збор за ДУИ и нејзиниот лидер. Не беше споменат ниту Артан Груби, кој е инаку координатор на инфраструктурните проекти во земјата. Беа потребни 6 дена после посетата за денеска во седиштето на ДУИ да се организира приватен прием за да се нагласи важноста на проектот Тетово-Призрен.
„Градоначалникот на Тетово е многу заинтересиран што побрзо да се реализира проектот за патот Тетово-Призрен, а исто е и од другата страна на границата. И градоначалникот на Призрен е исто така заинтересиран овој проект да се реализира што е можно побрзо. Се договоривме прво со поранешниот премиер Зоран Заев, потоа со актуелниот Ковачевски, па затоа сите сакаме да бидат информирани и да се активираат за овој проект кој е меѓу најважните за економиите на нашиот регион“, рече Албин Курти, Премиер на Косово.