ВЕСТИСВЕТ

Алиев: Трагедијата на авионот на Азербејџан ерлајнс немаше да се случи доколку се почитуваа правилата

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска изјави дека немаше да се случи трагедијата на авионот на Азербејџан ерлајнс кој се урна кај Актау, при обид за принудно слетување, кога загинаа 38 лица, доколку се почитуваа сите правила на копнените служби.

Advertisements

„Државата Азербејџан отсекогаш ги ценела активностите и херојството на своите синови и ќерки“, рече Алиев на средбата со семејствата на членовите на екипажот кои ги загубија животите и со преживеаните членови на екипажот на авионот, пренесе АПА.

Тој истакна дека и овојпат е оддадено признание за херојството на екипажот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button