ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса – Алтернатива обвинуваат: Висар Ганиу не ги спроведе ветените капитални проекти во Чаир

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го обвинува градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, за кршење на “Договорот“ што го потпиша со чаирчани на последните локални избори. Зуди Кока од опозициската коалиција рече дека Ганиу не ги реализирал ветените капитални проекти во инфраструктурата, во образованието, во културата или во спортот, туку само го зголеми хаосот и сиромаштијата.

Advertisements

 “За жал, животот на  жителите на Чаир не се промени во овие 4 години, туку само се влоши. На дивоградбите им беа додадени други спратови, зелените површини беа узурпирани и сè беше деградирано. Сообраќајниот хаос, за што беше ветено дека ќе се реши со изградба на 4 катни гаражи и 15 кружни текови, за жал ништо не се стори ниту на овој план. Дури беше ветувана и енергетска ефикасност во зградите, но и ова остана само сон за жителите на Чаир“.

 Од општина Чаир не ги коментираат обвинувањата на албанската опозиција. Инаку, на последните локални избори, заедничкиот кандидат на ДУИ и на СДСМ, Висар Ганиу ги официјализираше ветувањата во документот наречен „Договор 2017-2021“. Во тој договор имаше различни проекти, почнувајќи од реконструкција на некои постојни објекти, изградба на нов објект за градинката Бамби, катни гаражи кај Саат кулата, Албанскиот театар, кај Чаирчанка и подземни катни гаражи на плоштадот Скендербег, младински центар , 15 кружни текови, претворање на градинка во детска клиника, мултифункционален спортски центар и други.

 Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button