МАКЕДОНИЈА

Алијанса – Беса; Кој на кого му ги зeма политичките симпатизери?

По изјавата на претседателот на Беса, Билал Касами, дека експоненти на Алијансата за Албанците ќе сеприклучат на движењето Беса, лидерот на Алијанса, Арбен Таравари, ги отфрли овие тврдења, велејќи дека досега во Алијанса се дојдени девет подграноци на Беса.

Advertisements

„Знам дека девет подограноци на Беса се приклучени на Алијанса во Гостивар и постојано имаме приклучувања на членови на Беса во Тетово, а во други земји не знам каде има БЕСА, но како и да е, јас му посакувам успех на Билал Касами, се гледаме на избори“, рече Таравари.

На овие ставови на Таравари реагираше лидерот на Беса Билал Касами. Касами рече дека во Алијанса има голем раздор, дури поголем од тоа се Огнената група во ДУИ.

Што се однесува до заминувањата и приклучувањата, тој самиот призна дека постојат несогласувања во неговата политичка структура, а според информациите што ги имаме, несогласувањата се поголеми од Огнената Група. Затоа што АЛијанса доби гласови да ги артикулира барањата на Албанците. Невозможно е да се спојат гласовите на опозициската Алијанса со гласовите на ДУИ кои се на власт веќе 20 години. На последните избори, Алијанса, откако не успеа да создаде силна опозициска алијанса, ги загуби изборите и сега како губитник, е дел од владата за да ги спаси интересите на владата, иако ги доби гласовите за спротивното од ова што го прават“, рече Касами.

Судирите меѓу двете партии започнаа по раскинувањето на коалицијата на локално ниво и влегувањето на Алијанса во Владата. Лидерите на двете партии кои раководат со Гостивар и Тетово, почнаа со разрешување на раководителите на сектори на локално ниво.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button