Алијанса и Алтернатива денеска побараа од одговорните институции да го разјаснат случајот за ископувањата во реката Пчиња во Средно Коњаре

Алијанса и Алтернатива денеска побараа од одговорните институции да го разјаснат случајот за ископувањата во реката Пчиња во Средно Коњаре. Халил Снопче од оваа коалиција рече дека институциите треба да работат за доброто на граѓаните, а не во корист на бизнис групи за материјална корист.
Оние кои треба да преземат чекори за да го решат проблемот, да постапат и да не глумат дека прават нешто, без да имаат конкретен резултат. На 26 декември, му поставив прашања на премиерот во врска со игнорирањето што Владата им го прави на граѓаните на Коњари, општина Петровец. Станува збор за природна катастрофа создадена со знаење на Владата. Јас бев задоволен од одговорот на премиерот, кој рече дека го знае случајот и вети дека Владата ќе ги преземе потребните мерки за решавање на проблемот. Со жалење констатирам дека и покрај посетите на инспекторите и министрите, проблемот не е решен.“