ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Алијанса и Aлтернативa со три главни столбови во новиот нацрт-закон за државјанство

Алијанса за Албанците и Aлтернативa работат на изготвување на нов предлог-закон за државјанство. Текстот треба да биде доставен до Владата оваа недела што ќе го отвори патот за негово усвојување во собраниска процедура. Не се даваат детали, но текстот ќе биде подготвен врз основа на вербалниот договор меѓу Зоран Заев, Зијадин Села и Африм Гаши на нивната последната средба.

Advertisements

Новиот текст, според наши извори, ќе се заснова на три столба: Олеснување на постапките за утврдување на докази во институциите преку документи, намалување на безбедносниот периметар од страна на надлежните органи и наследување на државјанство за потомците на лицата кои во моментов немаат државјанство.

Албанската опозиција исто така ќе инсистира на одредба за лицата недржавјани, односно граѓани кои се родени во С. Македонија или поранешна Југославија, но кои во моментов имаат државјанство на друга земја. Во оваа одредба, која според извори од опозициската парламентарна група, ќе се бара да биде дел од законот, ќе се вклучат граѓани на кои во моментов матични земји им се Турција, Косово, Албанија, Србија или други во Европа и пошироко.

Изворите на Алсат велат дека откако нацртот ќе биде доставен до Владата и одобрен оттаму, лидерите ќе одржат нова средба за формализирање на договорот. На последните две средби тие се согласија дека нацрт-законот треба да се заснова на ретроспективна правна пракса, односно да се повикува на законот од 2004-2005 година, каде преку 10-15 критериуми и со исполнување на едно од нив, лицата може да добијат државјанство.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button