Алијанса и Беса се обвинуваа за колаицијата со ДУИ
Алијанса и Беса се обвинуваа за колаицијата со ДУИ

Албанските политички партии, кои сите во одреден момент беа дел од власта, во коалиција со СДСМ и ДУИ, меѓусебно се обвинуваат за ваквите одлуки. Движењето Беса во продолжението на седницата во Собранието демантираше дека проширувањето на мнозинството сега има врска со евроинтеграциите, а Алијансата за Албанците ја обвини Беса за некоректност во нивниот став.
„Денес, кога земјата навистина треба да ги отвори преговорите за членство во ЕУ, кога земјата треба да направи уставни измени, денес зборувате за рушење на ДУИ. Зошто не зборувавте за ова во 2020 година кога ги легитимиравте? И денес зборувате за евентуално спојување со Алтернатива, замислете, ова е вашата тенденција, зборувате за спојување кое категорично го отфрливте во 2020 година“, рече Халил Снопче, Алијанса за Албанците.
„Не можете да негирате и нема начин да избегаш, гледам дека сте многу загрижени и вознемирени затоа што со вашето влегување во владата ја спасивте ДУИ, во многу критичен момент за неа и во оваа ситуација немате како да бегате со оправдувања за евроинтеграциите, за уставни измени. Тоа е чиста демагогија. Ме изненадувате како политички субјект, затоа што се обидовте да влезете во владата во 2017 година, и знаете дека на крајот останавте само со бурек“, изјави Фадил Зендели, Движење Бесa.
Дебатата во Собранието се води за изборот на новите министри Кренар Љога, Фатмир Меџити, Азир Алиу и Каја Шутова. Премиерот денеска не беше во салата, како нивен предлагач.
Дискусијата за новите министри се одвива во пкакет, а гласањето ќе биде поединечно. Најголемиот дел од пријавените пратеници се ВМРО-ДПМНЕ – изминатите денови седниците траеа по полноќ./Алсат.мк