Алијанса ја обвинува власта за еколошки геноцид врз Кичево
Алијанса ја обвинува власта за еколошки геноцид врз Кичево

Алијанса за Албанците ја обвинува власта дека извршила еколошки геноцид врз граѓаните на Кичево. Според албанската опозиција, фрлањето отпад на диви депонии и работењето на термоелектраната Осломеј секојдневно ги трујат жителите од овој крај. Претседателот на Алијанса за Кичево, Генц Селмани, ја обвинува општината дека не може да управува со отпадот, додека централната власт не може да ја заштити животната средина од бројни загадувања.
„Од овој оџак и од овие нетретирани отпадоци, како што гледате, се врши еколошки геноцид со што се зголемува бројот на заболени од малигни заболувања, што резултира со смртни случаи од нив, компликации за хроничните пациенти, како и намалување на земјоделските приноси. Од овие факти сите заедно заклучуваме дека ова не личи на Зелена агенда, туку на Смрдлива агенда“, рече Генц Селмани, Претседателот на Алијанса за Албанците за Кичево.