Алијанса: Мерко да се отстрани од општината

Алијанса на Албанците од Струга најавува дека ги прекинува сите контакти со градоначалникот Рамиз Мерко и ги повикуваат надлежните државни институции да не дозволат Мерко повеќе да го користи објектот на општината. Од таму ги повикуваат и останатите партии во Струга да им се приклучат.
„Советничката група на АА Струга ги повикува сите правни инстанци да му оневозможат на дотичната нон грата да го користи објектот на општината бидејки постои основано сомнение за дејствија во прикривање на докази додека трае процесот на истрага, додека другите политички партии да преземат чекори во правец на предвремени избори за градоначалник на Струга. Воедно ги повикуваме и другите партии да ни се приклучат во нашите активности“, рече Нијази Џумкар, координатор на советничка група на АА Струга.
Од таму велат дека нема да гласаат за ниту една годишна сметка, финансиски извештај или урбанистиќќки план кој ќе биде доставен до Советот на општина Струга, со потпис на Мерко.
Инаку ОЈО вчера соопшти дека ревизорска комисија на Обвинителството утврдила дека против Мерко активни се 16 кривични пријави, а 14 други, веќе се апсолутно застарени. Граѓаните на Струга сметаат дека сето ова е резултат на непостапаувањето на судските институции.
„Рамиз Мерко не е сам и другите се. Оној Али Ахмети, тоа е цела компанија. Рамиз Мерко е мало глувче. Тој е за мене една ситница во однос на другите. Сам не правел, правел со друштвото. Знаете како бил тој порано и што е сега“…
„Ова зборува за тотална нефункционалност на институциите. Коментар не треба повеќе“, велат граѓаните.
Во Струшкото обвинителство се водат четири предмети, а има и две предистражни постапки започнати од 2021 година за сомневања за малверзации при градба на конкретни проекти во Општина Струга. Од Судскиот совет за Алсат рекоа дека нивниот извештај, по контролата во струшкиот основен суд, ќе биде готов до крајот на неделата, по што се очекува да биде разгледан на седница на Судски совет. Мерко од 20 јуни е на црната листа на Америка поради сомневања за криминални дејанија, но иако поминаа повеќе од 3 недели, ниту една институција се уште не излезе со конкретни чекори против Мерко, ниту пак тој се повлече од функцијата.
Мики Трајковски