МАКЕДОНИЈА

Алијанса обвинува дека се крши Изборниот законик во Струга

Од Алијанса за Албанците во Струга денеска обвинија дека се вршат фиктивни вработувања во локални и централни институции во општината, но и оти се гради со финансиски малверзации. Од партијата информираа дека поднеле пријави до Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата. Алсат праша во општина Струга за коментар во однос на овие обвинувања, но одговор не добивме.

„Се наоѓаме на крајот на изборната кампања, во која се соочуваме со масовно прекршување на изборниот законик. Се соочуваме со масовни градежни активности, асфалтирање на улици во сите населени места во Струга, но станува збор за неквалитетни асфалтирања со дебелина на асфалтот од 3 до 4 сантиметри, со огромни финансиски малверзации и без никаква документација. Се соочуваме со феномен на масовни вработувања од локалните и централните институции. Вработувања без никаков критериум и без никаков документ, со фиктивни и усни договори. Станува збор за општина Струга, општа болница, Водовод и канализација, Јавното комунално претпријатие, детска градинка и Заводот за нефрологија“, рече Сурија Рашиди-Алијанса на Албанците.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button