ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алијанса: Режимот Ахмети-Мијалков-Заев продолжува со амнестирање на криминалци

За одобреното ослободување на Мијалков реагираше и Алијанса за Албанците. Според партијата, режимот Ахмети-Мијалков-Заев продолжува со амнестирање на криминалци и тоа преку најарогантен начин кон граѓаните кои се против нивниот криминал. „Со одлуката на заробениот суд, денеска беше ослободен Сашо Мијалков, главен партнер на актуелниот режим, човек кој уништуваше човечки судбини и државниот буџет. Овој случај уште еднаш ја демаскира лажната европска агенда на овој режим“, се вели во реакцијата на Алијанса.