ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алијанса за Албанците бара Мерко да си поднесе оставка
Алијанса за Албанците бара Мерко да си поднесе оставка

Алијанса за Албанците вечерва го поздрави прогласувањето на Рамиз Мерко за персона нон-грата од страна на Вашингтон и побара од него веднаш да си поднесе оставка.
„Корупцијата мора да има последици, но определбите за прогласување на персона нон-грата не се доволни. Рамиз Мерко веднаш треба да поднесе оставка, а ДУИ да се огради од својот член на Претседателството. Обвинителството за корупција треба да отвори случај против Мерко за да обезбедат целосна одговорност за наводите на американскиот Стејт департмент и за да ја спроведат правдата“, се вели во реакцијата на Алијанса. /Alsat.mk