ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците „го крвоса“ Министерството за правда

Adrian Kerimi

Advertisements

Од Алијанса за Албанците истурија црвена боја пред зградата на Министерството за правда, во знак на револт поради обидот за помилување на осудените, меѓу кои и Бобан Илиќ. Албанската опозиција бара оставки од раководството во правда, Маричиќ и Нухиу.

„Тоа се луѓето кои се подготвени да газат врз крвта на Алмир, подготвени да газат врз нашата крв, врз крвта на граѓаните со единствена цел, да си ги одбранат своите министерски позиции. Станува збор за министерот, заменик-министерот и целиот владин кабинет.“

Движењето Беса бара од претседателот Пендаровски да не го потпишува помилувањето на Илиќ и другите.

„Ги повикуваме сите надлежни институции, во овој случај претседателот на државата Стево Пендаровски, сериозно да ги сфатат чувствителните случаи, да размислат и да не го потпишуваат нивното помилување.“

Од Алтернатива го информираат премиерот Зоран Заев дека со ова барање на правда се разнишува договорот за заедничко владеење.

„Со надеж дека ниту сегашниот, ниту идниот премиер, не сакаат да ја разнишаат соработката со Алтернатива, очекуваме да го повлечат барањето од претседателот и од друга страна веднаш да започнат со спроведување на договорот Гаши-Заев.“

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на предлогот за помилување на Александар Василевски-Нинџа, поради чие сведочење беа изречени казни за упадот во Парламентот за случајот „27 април“.

Според партијата на Мицкоски, власта на овој начин му се заблагодарува на Василевски за, како што рекоа, монтираните судски процеси.

СДСМ немаше реакција за случувањата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button