ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ

Алијанса за Албанците одлучи да го напушти мнозинството во Советот на Град Скопје и ја прекинува секоја соработка на локално ниво со ВМРО-ДПМНЕ. Повод за ваквата постапка на партијата на Зиадин Села, беше одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која го разреши в.д директорот на „Комунална хигиена“ во Скопје, Зуди Енузи-Кока, бидејќи е брат на лицето Јусуф Енузи кој синоќа употреби оружје на плоштадот Скендербег.

Advertisements

„Како резултат на последните случувања, антиалбански повици и инсценирања кои нашиот здрав разум не може да ги разбере, прекинуваме секаков вид на соработка со ВМРО-ДПМНЕ сè додека не ја тргнат логиката за политичка добивка со анатемисување на Албанците“, рече Вјолца Бериша, Генерален секретар на АА.

Арсовска пак, денеска ја правдаше својата одлука. Одговарајќи му на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, Арсовска рече дека не може да се соработува со луѓе кои оправдуваат насилство и вооружени напади.

„Не ја разбирам ароганцијата и коментарите на господинот Таравари со самиот факт што нашата соработка заврши од синоќа. За кадровски решенија тој може да одлучува во Гостивар, а никако во Скопје. Со лице кое напаѓа, нема етички компас, оправдува насилство и напад со огнено оружје и поттикнува меѓуетнички тензии, нема основа за соработка“, рече Арсовска.

Во Советот на Град Скопје, предизборната коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива се застапени со двајца советници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button