Алијанса за Албанците- крилото на Зиадин Села денеска ја одржа четвртата конвенција во Скопје
Алијанса за Албанците- крилото на Зиадин Села денеска ја одржа четвртата конвенција во Скопје

Додека крилото на Арбен Таравар во Алијанса за Албанците утре ќе ја одржи конвенцијата на младинскиот форум на партијата во Тетово, крилото на Зиадин Села денеска ја одржа четвртата конвенција во Скопје. За тоа кој има партиски печати, Села вели дека процесот се уште трае, а го обвини Таравар за притисоци.
„Таравари освен печатот и седиштето има и 100 лица. Значи, не сакам премногу да ги коментирам изјавите на Таравари. Се разбира, судскиот процес за партиските печати е во тек. Намерно периодов молчев и не се изјаснив, а тој правеше како дете . Постојано наводно притискање на судот и такви работи. Но, како што може да се види, притисокот во судовите е токму од негова страна. А, оваа власт со полна уста зборува за реформи во судството, но од друга страна тие се тие што ги вршат овие притисоци врз судовите. Добив информација дека смениле судија во Апелациониот суд“, рече Зиадин Села, Алијанса за Албанците.