МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: „МВР да ги приведе хулиганите од Куманово“

Алијанса за Албанците бара расветлување на нападот во Куманово и апсење на сторителите. Во реакцијата на албанската опозициска партија се вели дека вознемируваат фактот и сцените кога маскирани хулигани доцна во ноќта напаѓаат млади Албанци во Куманово. „Овие сцени, соопштија од партијата, се слични на оние од пред неколку години од поранешниот режим каде настрадаа многу граѓани, главно млади луѓе“. Од Алијанса додаваат: „МВР на чело со министерот Оливер Спасовски и заменик-министерот Назим Буши, да ги идентификуваат, приведат и изведат пред органите на правдата овие хулигани кои ги вознемируваат минувачите и предизвикуваат паника кај граѓаните на Куманово.“

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button