ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алијанса за Албанците на Таравари со свои листи за советници на локалните избори
Алијанса за Албанците на Таравари со свои листи за советници на локалните избори

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одлучи да одат со свои листи за советници на претстојните локални избори.
– Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може четири-пет луѓе од „Влен“ да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење.”, рече Таравари.
Тој рече дека остануваат дел од Влен “освен ако тие не нѐ исклучат, тогаш и ние ќе постапиме соодветно.”