ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците на Таравари утре ќе одлучува како ќе продолжи понатаму

Алијанса за Албанците (АА) на Арбен Таравари утре ќе одржи Централно претседателство на кое партијата ќе одлучи како ќе продолжи да дејствува понатаму. Ова денеска го најави министерот за здравство, додавајќи дека на состанокот се очекува Алијанса за заземе став како да продолжи понатаму – дали да продолжи со коалицијата ВЛЕН или да настапи сама на претстојните локални избори.

„Имаме две опции – една да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Изборот е меѓу овие две опции, нема трета опција. Имаме одредени општини каде што сметаме дека и сами би направиле добар резултат – Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај… Не мислиме дека ќе победиме туку дека може да направиме добар резултат. Меѓутоа ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Таравари одговарајќи на новинарски прашања.

Advertisements

Рече дека не е точно оти преговараат со ДУИ.

Таравари откри дека освен во петокот, со коалициските партнери од ВЛЕН се сретнале неколкупати и во текот на викендот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button