ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Алијанса за предлогот на ВМРО за Уставот: „Непознавање на реалноста“
Алијанса за предлогот на ВМРО за Уставот: „Непознавање на реалноста“

Алијанса за Албанците предлогот на ВМРО го оценува како непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти.
Според Алијанса, времето на доминација на еден етнитет во Македонија завршило и нема враќање во таа состојба. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во таа држава кој е над 90%.
Поставувањето на Албанците во предлогот на ВМРО како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен децении наназад и тоа е за жалење, истакнуваат од Алијанса.