ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијансата за Албанците повикува на акција за што поскоро да ги добиеме вакцините

Алијансата за Албанците повикува на подобра институционална организација и меѓународна соработка за државава што поскоро да ги добие вакцините против корона вирусот. Исто така, Алијансата повикува во помошта од 30 илјади денари за медицинскиот персонал, да не се заборават и матичните лекари и административниот персонал во болниците.

„Повикуваме на меѓународна соработка за да се осигуриме дека сите луѓе имаат еднаков пристап до вакцини и третман за време на пандемијата со коронавирусот. Ја повикуваме Владата на Република Северна Македонија да ги остави сите обврски и приоритети и над сите приоритети да биде обезбедување на вакцини што е можно поскоро и во соодветни количини, користејќи ги сите можни механизми, дипломатскиот кор во земјата, Членството во НАТО и помошта на земјите-членки на Европската унија. Апелираме до Министерство за здравство да организира мултилатерална средба со министрите за здравство на Западен Балкан, каде ќе се заземе став за заедничка апликација за обезбедување вакцини од системот КОВАКС, од земјите-членки на ЕУ или директно од фармацевтските компании.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button