
Еден од најдобрите репрезентативци низ натпреварите во претходната Лига на нациите, Исник Алими сега како фудбалер на кинески Далиан го очекува новиот собир на македонската селекција на стартот од квалификациите за СП 2026.
Македонија на 22 март ја очекува гостинската пресметка со Лихтенштајн, а потоа на 25 март во Скопје и дуелот со Велс на арената „Тодор Проески“.
Алими, кој е вистинско откритие во средниот ред на новиот национален состав на Благоја Милевски, пред доаѓањето на собирот закажан за 17 март, вели дека со задоволство ќе патува и 30 часа од Кина, за да се приклучи на македонската репрезентација, подготвен, како и секогаш, да го даде максимумот за успешен старт на новиот квалификациски циклус.
„Благодарам за подрршката. Ме чека дол пат, можеби повеќе од триесет часа лет, но јас ќе бидам таму и ќе го дадам максимумот од себе на дуелите за Македонија против Лихтенштајн и против Велс“ – напиша Алими на социјалните мрежи./Ekipa