Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигна договор со турскиот прволигаш Анталијаспор, но клубот во текот на вчерашниот ден добил нова суспензија за трансфери. Босанскиот фудбалер Дарио Шариќ побарал од ФИФА да му посредува при наплатата на долговите од Анталијаспор, а во таков случај клубот веднаш добива забрана за трансфери.
Раководството на клубот, како што информираат турските медиуми, веќе имало итен состанок и одлучено е да се исплатат долговите, со шти забраната ќе биде повлечена, а во таков случај и Алиоски би можел да биде регистриран како ново засилување.
До крајот на преодниот рок во Турција остануваат уште два дена./makfudbal/