ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алити: „Ахмети и Ковачевски зборуваа за закон за настраданите во 2001 година“

Али Ахмети разговарал со премиерот Ковачевски за законско решение кое ќе ги вклучи сите категории кои настрадаа во вооружениот конфликт во 2001 година. Ова во интервју за Алсат го откри поранешниот заменик-претседател на Парламентот од редовите на ДУИ, Рафис Алити. Но, Ковачевски ваквите тврдења го отфрли како невистинити.

„Пред неколку месеци претседателот на ДУИ го отвори ова прашање со премиерот Ковачевски и со поранешниот генерал Ангелов дека е спремен да се донесе закон кој би се однесувал на категориите кои настрадаа во 2001 година затоа што не се само борците на ОНА. Има и други категории како случајот во Куманово, случаите во Порој и во Тетово кои беа бомбардирани или случајот Љуботен каде настрадаа цивили. Но, тука се и семејствата на исчезнатите било од македонска или албанска страна. И на тие категории им должиме сеопфатен закон за и тие да имаат некаков третман и бенефит од државните институции затоа што и тие семејства треба да се издржуваат и имаат потреба од посебен третман. Донесувањето на закон во таа насока би било полезно за сите граѓани независно кој на чија страна бил или кого поддржувал во 2001 година“, рече Алити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button