Алиу: Мислам дека светот не е во опасност од нуклеарна војна

Политикологот Мурат Алиу поканет во емисијата „Патот кон“, што вечерва се емитува на Алсат, смета дека светот не е загрозен од нуклеарна војна. Како што вели тој, во теориите на меѓународните односи нуклеарното оружје служело како гаранција за мирот. Алиу во оваа прилика ја спомена теоријата (1 + 1 = 0) подвлекувајќи дека секој евентуален нуклеарен напад и нуклеарен контранапад би предизвикале еднаква штета на двете страни.
„Знаеме дека Путин на некој начин лечи фрустрации, лечи комплекси, врз основа на неговата историја како агент на КГБ, агент кој го доживеал распадот на СССР многу трагично и го смета за стратешка грешка на Горбачов и така натаму. Не мислам дека светот е загрозен од нуклеарна војна… Мислам дека заканата на Русија и Путин за нуклеарна војна има врска со нејзиниот неуспех, неуспехот на нејзиниот план да ја нападне Украина во рок од 48 часа. Мислам дека последното писмо што Путин и Русија можеби го имаат во рака е заканата за западниот свет со нуклеарно оружје“, рече Алиу.